ИЗГЛЕДА ПАК СОРОС ИМ Е КРИВ НА ВМОРОНИВЕ, ЗАТОА И ЛИЛЈАКОТ ИСКУБАН ДОЛЕТА ВО АЛФА ЗА ДА СЕЕ ЛАГИ: ЌЕ ПРОТЕСТИРАМЕ ВО НЕДЕЛА ЗА ДА СЕ ОСЛОБОДАТ НАШИТЕ ПОЛИТИЧКИ ЗАТВОРЕНИЦИ ОД 27-МИ АПРИЛ БИДЕЈЌИ НЕ ИЗВРШИЈА ТЕРОРИСТИЧКИ АКТ?!

0
298

Платеникот и послушник на ВМРО-ДПМНЕ, Богдан Бетмен Илиевски гостуваше во емисијата “Што не е јасно?” на тв Алфа со цел да ги релативизира политичките случувања во државата во склад со агендата на груевизмот. Прво го коментираше случајот со доведувањето на двајцата пратеници во скафандери со цел да се изгласаат повеќе закони кои што беа со месеци на чекање а меѓу нив беше и петтиот пакет економски мерки за кои што опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ не сакаше ниту воопшто да присуствува со цел да се обезбеди кворум за работа. Бетмен воопшто не го осуди однесувањето на опозицијата која што со месеци само се потпишува на списоците за присуство со цел да земе дневници и патни трошоци, не учествува во седниците и ги затрупува предлог законите со илјадници бесмислени амандмани, притоа трошејќи им го времето и парите и на сите даночни обврзници.

Потоа Бетмен прокоментира дека државата под водство на СДСМ се’ повеќе наликувала на циркуз бидејќи се случувале секакви епизоди за одвлекување на вниманието а притоа Македонија тонела по сите параметри извршени од меѓународни институции. Но симптоматично е тоа што во тие оценки се мерат општите состојби во кои директно и индиректно влијае и ВМРО-ДПМНЕ која што покажува крајно нетолерантен, недемократски, шовинистички и националистички дискурс во политичката борба со неистомислениците и медиумските работници.

Најави дека во недела ќе се прави семакедонски народен протест со поддршка и на дијаспората, на кој што ќе се бара ослободување на наводните политичките затвореници од 27-ми април кои што биле наведени да влезат во Собранието и да тепаат пратеници од СДСМ и коалицијата. Овој пат слушнавме и одредена нијанса во зборувањето на Бетмен. Побара да се трага само по нарачателите на нередите во Собрание а не и кон наивните извршители кои што наводно под влијание си го излеале бесот и немале никаква намера да вршат терористички акт за кој што биле осудени. Потоа спомена постоење на некаква тв снимка од Артан Груби на која што наводно рекол дека на 27-ми април однапред имале разузнавачки сознанија дека се спрема насилничко сценарио и поради тоа лидерот Ахмети воопшто не дошол тогаш во Собрание. Бетмен рече дека подоцна таа снимка исчезнала и од интернет сервисот Јутјуб.

Бетмен намерно избегнуваше да каже дека обвинението за тероризам е поврзано со самото влегување во Собранието со цел насилно да се спречи искажувањето на волјата на пратениците од тогашното ново парламентарно мнозинство и дека тоа не може никако да се релативизира. Тоа што го направија по нарачка од екс режимот на Груевски беше во најмала рака пуч и рушење на уставниот поредок на државата и затоа казните мораше да бидат најстроги кон извршителите и кон оние што биле дел од логистичката поддршка за тој настан.