ПУТИН И ЛУКАШЕНКО ЈА ПОТВРДИЈА ПОДГОТВЕНОСТА ЗА СОРАБОТКА ВО БОРБАТА ПРОТИВ ТЕРОРИЗМОТ

0
185

Рускиот претседател Владимир Путин телефонски разговараше со својот белоруски колега Александар Лукашенко, кој изрази сочувство поради терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“, изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. Песков за новинарите изјави дека Путин и Лукашенко ја потврдиле подготвеноста да соработуваат во борбата против тероризмот.

Според досегашните податоци, во терористичкиот напад во концертната сала „Крокус“ во близина на Москва загинале 93 лица, соопшти Рускиот истражен комитет.