ФСБ НА РУСИЈА : НАПАЃАЧИТЕ ИМАЛЕ НАМЕРА ДА ЈА ПРЕМИНАТ ГРАНИЦАТА СО УКРАИНА, ИМАЛЕ КОНТАКТИ СО УКРАИНСКАТА СТРАНА

0
181

Федералната служба за безбедност на Русија денеска соопшти дека по нападот што го извршија синоќа во концертната сала „Крокус“ во Москва, терористите имале намера да ја преминат границата меѓу Русија и Украина и дека имале контакти на украинската страна. Истражниот комитет на Русија претходно соопшти дека осомничените за нападот се уапсени недалеку од украинската граница.

Уапсени се 11 лица, меѓу кои и четворица кои учествувале во нападот, соопшти Истражниот комитет.