Официјален биланс на МВР за невремето: 15 лица загинати, 22 повредени и 6 исчезнати!

0
1374

До утринава до 8.30 часот има 15 починати лица, 22 повредени се примени на скопските клиники и 6 лица се пријавени како исчезнати, соопшти МВР.

Во врска со елементарната непогода, која вчера во попладневните часови го зафати Скопје и неговата околина особено Стајковци, Сингелиќ, Смилковци и Арачиново, пријавени се настани со големи штети – срушени и поплавени куќи и возила, а пријавени се починати – удавени и исчезнати лица, соопшти МВР.

За таа цел од МВР биле ангажирани Специјалните единици при МВР (ЕБР, ЕСЗ, ПЕП, Единицата за Јавен ред и мир) како и дополнителни служби и тоа: крим техника од Штип, Велес и Тетово, додека пак од останатите служби, ангажирани се Бригадата за противпожарна заштита, Јавното претпријатие Водовод, Дирекција за спасување и заштита, Итна медицинска помош и пајак служба.

Поради настанатите свлечишта кај клучката кај Стајковци кон клучката Радишани, по излегување на местото на настанот од страна на полициски службеници, било констатирано дека се заглавени околу 70 возила. Свлечиште било пријавено и на обиколницата на потегот Ѓорче Петров кон Стенковец.