Шилегов: ВМРО ги одбиваше нашите предлози за минимална плата, сега го копираат нашиот концепт

0
1184

Носителот на листата за пратеници од здружената опозиција предводена од СДСМ за шестата изборна единица Петре Шилегов денеска ја посети општина Брвеница и повеќе други населени места од оваа тетовска општина со цел да се сретне со жителите и да размени мислења за повеќе теми.

– Тука како и низ цела Македонија граѓаните сакаат промени и велат дека е доста од криминалното владеење во државата и владеењето што значи делби во нашето општество. Дојдовме во Брвеница да порачаме дека минималната плата ќе биде 16 илјади денари на крајот од нашиот мандат. ВМРО-ДПМНЕ сега излегува со концептот за минимална плата, иако претходно ваквите предлози поднесени до наша страна ги одбиваа во Собранието. Тие изјавуваат дека таа минимална плата ќе биде помала од она што СДСМ се обврзува да ја исплаќа на граѓаните, рече Шилегов.

Тој најави и повеќе други зафати за поодбрување на состојбата.

– Овде во Брвеница каде има сериозен број мали семејни фирми и бизниси СДСМ се обврзува во мандатот од четири години да ги подржува малите и средни претпријатија со износ од 140 милиони евра. За споредба ВМРО-ДПМНЕ во буџетите во изминатите 11 години за оваа намена предвидуваше 160 илјади евра годишно. Луѓето и домашните субјекти мора да ги имаат истите па дури и поповолни бенефиции од оние ккои се исплаќаат на т.н. странски инвестиции во ТИРЗ зоните, рече тој.

Во Брвеница, додаде, ќе разговараме за проблемите со недоизградената клучка на автопатот Тетово – Гостивар, за проблемите што ги тиштат жителите, а, како што рече, никој и по 11 години не нашол за сходно да ги реши.

Во Македонија, според него, мора да престанат делбите не, како што рече, само меѓунационалните, туку и верските и политичките односно партиските.

– Затоа ние градиме едно општество. Секој има право да има определено политичко размислување за себе и заради тоа не може да биде предмет на губење на работно место особено не за оние кои совесно и свсно си ја работат својата работа, рече Шилегов.

Во рамките на својата денешна посета на општина Брвеница освен во општинскиот центар Шилегов ќе ги посети и ќе се сретне со дел од жителите на Седларце, Радиовце и Теново.