УШТЕ ЕДНА ЛАЖНА ВЕСТ НА ВМРО ДПМНЕ ПУКНА КАКО МЕУР ОД САПУНИЦА: РКЕ ги демантира тврдењата на ВМРО дека Бислимовски зема плата од 2.000 евра

0
643

Регулаторна комисија за енергетика ја отфрла изјавата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, дека претседателот на Комисијата земал плата од 2.000 евра.

-Платите се јавно објавени и се далеку пониски од предвидените пет просечни нето плати во секторот согласно законот за енергетика – се вели во соопштението на РКЕ.

Доколку Арсовски не се извини за изнесените шпекулации, од таму најавуваат приватна тужба.