ЗАТВОРЕНИК ОД ЗАТВОРОТ „ИДРИЗОВО“ НАПАДНАЛ И РАНИЛ ПОЛИЦАЕЦ

0
464

Во затворот „Идризово“ денеска се случил инцидент во кој затвореник, со ладно оружје, нападнал полицаец, информираат од Управата за извршување санкции.„Осуденото лице М.М. кое престојува во Отвореното одделение во КПД Идризово, утринава околу 8.40 часот, без особена причина со ладно оружје го нападнал припадникот на затворската полиција Х.Х. кој ги извршувал работните задачи во одделението каде престојува ова осудено лице и притоа му нанел повреди по телото во вид на посекотини и набиеници.

Откако повредениот побарал помош од дежурниот Командир на одделение, кон одделението се упатиле пет припадници на затворската полиција заедно со командирот, на кои откако дошле на местото на настанот, осудениот исто така им упатил закани дека ќе ги нападне ако му се доближат“,инфромираат од Управата.Оттаму додаваат дека осуденото лице М.М. било совладано од затворската полиција и спроведено на Клиниката за психијатрија.

Иако се уште бил вознемирен и подготвен одново да нападне, со употреба на зафат бил веднаш совладан од затворската полиција и издвоен во посебна просторија за да не биде нападнато друго лице. За повредениот затворски полицаец била повикана Итна медицинска помош од која првично бил згрижен и итно префрлен во Клиничкиот центар – Скопје, од каде по санирање на повредите е пуштен на домашно лекување. Осуденото лице било спроведено во Клиниката за психијатрија при Клиничкиот центар – Скопје, од каде по смирување на состојбата е вратен во установата“,соопштија од Управата за извршување санкции.