Две кривични за Интермецо за загрозување на јавното здравје: Тие се срам за државата, рече Пауновски

0
1212

Скопскиот ексклузивен бар Интермецо во населбата Капиштец има кривична пријава за загрозување на јавното здравје, потврди за Фактор, директорот на Паразниот инспекторат, Стојко Пауновски, кој истовремено нагласи дека ова е втора кривична пријава за Интермецо.

-Пред две-три недели е првата, од завчера има уште една. Преполно било, забава со огромен број луѓе, а од протоколите нула. Ништо не е испочитувано. Навистина сите како Интермецо, Мош, Аватар од Струмица, сите такви ексклузивни кои се прават, се само се голем и невиден срам за државата, луто вели директорот Пауновски за Фактор.

Истовремено потенцира дека искрено жали што инспекцијата не е во можност веднаш да ги запечати на еден месец.