РЕЖИМОТ СО ПЕРФИДНИ ИГРИ СЕ ФАЌА КАКО ДАВЕНИК ЗА СЛАМКА ОД ПОРАЗОТ КОЈ ЌЕ ГО ДОЖИВЕЕ НА 11-ТИ ДЕКЕМВРИ ВО НЕДЕЛА : ДОКТОРКА МАСОВНО ИЗДАВАЛА ПОТВРДИ ЗА НЕПОДВИЖНИ ЛИЦА ЗА ДА ГЛАСААТ ДЕН ПРЕД ИЗБОРИТЕ

0
951

Лекарка специјалист по интерна медицина од Скопје масовно на пациенти издавала специјалистички извештаи со дијагноза дека се неподвижни лица, за да гласаат во сабота дома.

САКАМДАКАЖАМ.МК од извори во Скопското обвинителство дознава дека против М.И. лекар специјалист во јавната здравствена установа “Геронтолошки завод 13 ноември“ веќе е отворена предистражна постапка, за кривично дело издавање и употреба на невистинито лекарско уверение. Лажните уверенија лекарката М.И. ги издала на 25. и на 28. ноември. На 25. ноември таа за три часа издала 15 специјалистички упати и исто толку субспецијалистички извештаи, а на 28 ноември за само 38 минути испечатила 14 специјалистички упати и исто толку специјалистички извештаи, за лица за кои напишала дека имаат отоци на зглобовите и оти се неподвижни. Се работи вкупно за 29 лекарски уверенија што ги издала М.И.

Целата сторија ОВДЕ