КАТЕГОРИЧНА КОНСТАТАЦИЈА НА ПАВЛЕ БОГОЕВСКИ: ВЛАДАТА НА СДСМ ИМА ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА ДА СЕ БОРИ СО КРИМИНАЛОТ И ВИСОКАТА КОРУПЦИЈА

0
1257

Во гостувањето во емисијата “Само вистина”, поранешниот пратеник на коалицијата на СДСМ, Павле Богоевски искажа поддршка за сите политики на владеачката СДСМ. Истовремено го осуди неодговорното однесување на опозициската ВМРО-ДПМНЕ која што со месеци го кочеше Собранието и не дозволуваше да се донесат навремено многу битни закони и законски измени. Затоа СДСМ била принудена да обезбеди присуство и на пратениците од мнозинството дури и со скафандери со цел да се надмине де факто блокадата. Потенцираше дека ВМРО-ДПМНЕ сака постојано да се отежнуваат состојбите во текот на корона кризата и на таков начин да го насочува револтот кон СДСМ со едно деструктивно, недемократско и нецивилизирано однесување. Истовремено го демаскира лицемерното однесување од вмровските пратеници со непочитување на здравствените мерки и протоколи а притоа се жалат дека наводно биле небезбедни во Собранието поради опасноста од корона која што реално и ја немаше во салата.

Во однос на борбата со криминалот и корупцијата, потенцираше дека во голема мера таа корупција се базира на одредена перцепција кај народот, преувеличувана од сензационалистички медиуми под капа на ВМРО-ДПМНЕ но не се базира на објективно квантифицирање на тоа во која мера таа се манифестира на ниво на држава. Констатираше дека во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, корупцијата била ендемска, длабоко вкоренета во сите пори на општеството но при тоа никој од екс режимот немал никаква политичка волја за да се бори за нејзино сузбивање. Како контраст, наведе дека сега СДСМ има отворен фронт против секој оној функционер или службеник кој што ќе подлегне на коруптивни зделки и пракси и дека нема дилеми дека ќе биде повикан на одговорност пред судовите. На таков начин, прво ќе стане полошо со масовно разоткривање на такви сомнителни случаи и лица пред да се санкционираат, а потоа ќе стане и подобро, со воспоставување на системски приод и механизми на контрола за секој избран или именуван функционер, во сите нивоа на власта. Богоевски посочи дека за севкупните состојби во државата, одговорност сноси и опозицијата, затоа и моментално се наоѓаме на ниски позиции во рангирањата за демократски слободи, медиуми, транспарентност, перцепција на корупција, правосудни реформи итн., извршени од разни меѓународни институции.