НЕМА ПРИЧИНА ЗА ОДЛАГАЊЕ НА ИЗБОРИТЕ ШТОМ РАСТЕ БРОЈОТ НА ВАКЦИНИРАНИ ЛИЦА, ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ НА ТВ21: СДСМ ИМА НАЈГОЛЕМ КОАЛИЦИСКИ КАПАЦИТЕТ ПОРАДИ ОДГОВОРНИТЕ И ЕВРОПСКИ ПОЛИТИКИ ШТО ГИ РЕАЛИЗИРА

0
750

“Покажавме дека можеме да организираме безбедни избори по здравјето во време на коронавирусот и такви ќе бидат и претстојните локални избори” – порача генералниот секретар на СДСМ, Љупчо Николовски во емисијата “10 минути” на ТВ21.

“Нема причина да се одлагаат изборите во период кога се зголемува бројот на вакцинираните, кога младите се мотивираат да се вакцинираат и на тој начин се намалува притисокот врз здравствениот систем. Минатата година докажавме дека може да имаме безбедни и сигурни избори во време на коронавирус и и такви ќе бидат и овие локални избори – целосно безбедни по јавното здравје” – порача Николовски.

Осврнувајќи се на настапот на изборите, генералниот секретар Николовски посочи дека СДСМ е фаворит на овие избори, меѓу другото и поради тоа што има најголем коалициски капацитет.

“СДСМ има најголем коалициски капацитет поради одговорните, европски модерни политики. Со ДУИ постигнавме стабилен, цврст договор уште минатиот август и врз основа на тој договор е и настапот на локалните избори. Она што е јасно дека и СДСМ и ДУИ и БЕСА и другите коалициски партнери во владата ќе освојат јасна и прецизна победа, затоа што имаме најдобри кандидати и програма, затоа што имаме најдобар концепт кој води напред” – заклучи Николовски.