СДСМ : ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КАРБИНЦИ ДА СЕ ИЗВИНИ ШТО СЕ ШИРЕШЕ ПАНИКА СО НЕТОЧНИ ИНФОРМАЦИИ

0
337

Градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов да се извини што ширеше паника со неточни информации, за наводен обид за киднапирање двајца ученици пред основно училиште во општината.

Јавноста е во шок поради грозоморниот случај со убиствата во Скопје и Велес и неодговорно е да се шират шпекулации и да се прават обиди за политизација.

Пласирањето на ваквите шпекулации, од кои дел и во дневно-политички цели, е со цел да предизвикаат паника, вознемиреност, постојано чувство на страв и несигурност кај граѓаните.

Апелираме до граѓаните да не наседнуваат на шпекулации.