НЕ ЛАЖЕ САМО КОГА СПИЕ, АЛЕКСАНДАР НИКОЛОСКИ: ИМАМЕ КРТ ВО СДСМ КОЈ ШТО НИ ОБЕЛОДЕНИ РЕКЕТ ВО РЕК БИТОЛА

0
1833

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски тврди дека информациите за криминалот и рекетот во РЕК Битола ги добиле од член на највисокото раководство на владејачкиот СДСМ. Тој и’ порача на власта да престане да ги гони лицата за кои мисли дека ги дале информациите, алудирајќи на неодамнешните претреси во домовите и на работните места на тројца полициски службеници.

“Наместо да ги гонат оние кои што наводно ги дале информациите, треба да ги гонат тие што довеле да има ваков рекет од 250 000 евра, а не вака срамно да се однесуваат и да гонат луѓе. Ќе им помогнам на начин што ексклузивно ќе кажам дека информациите до ВМРО-ДПМНЕ не стигнаа од вработени во МВР ниту од инспектори кои гонат организиран криминал и корупција, туку стигнаа од еден високо позициониран член на највисокото раководство на СДСМ, кој што заради законот за заштита на укажувачи односно свиркачи не можам да го споменам со име и презиме” – изјави Николоски од Охрид.

Тој тврди дека ВМРО-ДПМНЕ во моментов поседува бројна документација и за други афери и скандали од коруптивен карактер и најавува дека ќе ги изнесат во наредниот период. И тие се добиени од лица во врвот на СДСМ.

За случајот со РЕК Битола во средата партискиот лидер Христијан Мицкоски одржа брифинг со новинарите. Случајот е од 2018 година, кога на сопствениците на битолската фирма Рубитон, која имала добиено тендер за ископ на јаглен, наводно им пристапил тогашниот директорот на РЕК, Васко Ковачевски барајќи од нив да се откажат од тендерот за сметка на фирмата СВ инвест. Откако ова барање било одбиено, зашто тоа правно било неизводливо, Ковачевски понудил друга опција: да платат 250 000 евра во кеш, за да можат да продолжат непречено да ја извршуваат работата според договорот утврден со добиениот тендер. Ако сопствениците на Рубитон не сакале нему да му ја дадат сумата, тогаш предложил парите да ги однесат во Струмица кај лицето Вице Н.