МИЦКОСКИ БАРА КОНТРАШКИ ПРОТЕСТИ СО ЛАЖНОТО ТВРДЕЊЕ ДЕКА ПРЕМИЕРОТ ЗАЕВ ЌЕ ЈА ПРИФАТЕЛ БУГАРСКАТА ДЕКЛАРАЦИЈА СО МАКСИМАЛИСТИЧКИ БАРАЊА

0
741

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски излезе со тврдење дека барањата што се составен дел од Декларацијата усвоена од бугарскиот Парламент, ќе бидат дел од преговарачката рамка на државава со ЕУ и најави предупредувачки протести на опозициската партија во Скопје и во 10 други градови во земјата со барање документот за којшто преговараат премиерот Зоран Заев и специјалниот претставник Владо Бучковски со техничката Влада во Бугарија да биде ставен на увид на јавноста.

“Од високи дипломатски извори и од Брисел и од официјална Софија, дознаваме дека барањата коишто се составен дел од Декларацијата усвоена во бугарскиот Парламент практично ќе бидат дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ и од тој момент билатералниот проблем којшто ние го имаме со официјална Софија, а се однесува на посебноста на македонскиот народ, култура, традиција, обичаи, македонскиот јазик, антифашистичката борба, практично сите оние проблеми коишто се содржани во Декларацијата усвоена од бугарскиот Парламент ќе бидат проблем кој што ќе го имаме ние со ЕУ, односно од билатерален проблем, проблемот ќе прерасне во проблем помеѓу Македонија и ЕУ” – рече Мицкоски.

Според него, ова може да се спречи само на еден начин, а тоа е јавноста со својата критика и истовремено народ на улиците. ВМРО-ДПМНЕ секој ден почнувајќи од утре ќе ги блокира на три места во Скопје и уште во 10 градови во периодот од 15 до 17 часот се’ додека на јавноста не и’ биде покажан документ, патоказ за којшто преговарал двоецот Заев – Бучковски со официјална Софија.