ЈАНША ВО СЛОВЕНИЈА ПОСТАПУВА КОН МЕДИУМИТЕ КАКО ГРУЕВСКИ: ЖЕСТОКО КРИТИКУВАН ВО ИЗВЕШТАЈОТ ОД СОВЕТОТ НА ЕВРОПА

0
717

Словенечкиот премиер Јанез Јанша ја обвини комесарката на Советот на Европа за човекови права, Дуња Мијатовиќ за ширење лажни вести затоа што во својот извештај ја критикуваше состојбата со слободата на медиумите во Словенија.

Во извештајот објавен кон крајот на минатата недела, Мијатовиќ ја повика словенечката Влада да престане со влошување на состојба во областа на слободата на медиумите и слободата на изразување.

Во извештајот што го даде по посетата на Словенија и разговорите со неколку високи функционери, таа ги наведе малтретирањето и заплашувањето на новинарите како проблеми во Словенија и најави тужби против некои од нив, предупредувајќи дека некои активности на словенечката Влада можат да ја нарушат независноста, кредибилитетот и финансиската стабилност на јавните медиуми.