ГИ РАЗБИ ВМРОВСКИТЕ СПИНОВИ ЗА ВЕЛЕПРЕДАВСТВО ЗА СПОРОТ СО БУГАРИЈА, НИКОЛА ДИМИТРОВ: БАРАМЕ ОДРЖЛИВО РЕШЕНИЕ БЕЗ ДА НАВЛЕГУВАМЕ ВО ИДЕНТИТЕТСКИТЕ ПРАШАЊА

0
998

“Подобро е да бидеме позитивно изненадени отколку разочарани” – порача вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров на првиот состанок на Националниот совет за евроинтеграција откако функционира овој парламентарен состав.

Според него, искуството со одлуките на ЕУ изминатите години не’ тера на таква внимателност, бидејќи Европскиот совет донесе одлука дека целта е почеток на преговорите со Македонија во јуни 2019 година, а во јуни рече дека одлуката ќе ја донесе во октомври истата година. Тоа беа зборови на ЕУ а не наши, па откако и во октомври не ја донесоа одлуката, мудро е да внимаваме во подигнувањето на очекувањата на јавноста.

Во пресрет на најавите на утрешниот протест на ВМРО-ДПМНЕ, која веќе со денови обвинува за предавство во преговорите со Бугарија и бара информации што содржи патоказот што се договара, Димитров без да изнесува детали од преговорите рече дека нашата позиција е кристално јасна: бараме квалитетно и одржливо решение кое не смее да навлезе во идентитетските прашања. Според него, влогот е голем за Македонија, а уште повеќе за македонско-бугарското пријателство бидејќи ако нема решение и се труеме и понатаму, ќе се претвори во антагонизам. Тој најави дека ќе биде многу отворен и нема да ги дотерува резултатите од кои зависи евроинтеграцијата, но ако околу очигледен национален интерес имаме политичка тепачка, тогаш и власта и опозицијата ќе паѓаат во очите на граѓаните и во очите на ЕУ.