ДУШКО ВЕСКОВСКИ : ВО СЛЕДНИТЕ 4 ГОДИНИ ГРАДИМЕ ДВЕ НОВИ ДЕТСКИ ГРАДИНКИ, КАТНА ГАРАЖА И НОВ ПАРК, РАЗВОЈОТ НА КАРПОШ ПРОДОЛЖУВА

0
593
Најдоброто за Карпош доаѓа со спроведување на нашите политики порача кандидатот за градоначалник на општина Карпош на вечерашната граѓанска трибина “Најдоброто за мојата општина”, Душко Весковски.
Весковски во своето обраќање ги презентираше идните проекти и планови за развојот на општина Карпош.
“Најдоброто за Карпош доаѓа и со ТОП 5те НАЈВАЖНИ ПРОЕКТИ, меѓу кои: Изградба на катна гаража околу комплексот ТЦ „Лептокарија“, со зелен парк над гаражата, изградба на најмалку две нови детски градинки и реконструкција/обновување на постојните капацитети, изградба на големиот зелен парк спроти населбата Карпош 4, основање Младински центар во Општина Карпош во рамки на библиотеката „Другарче“, дисперзирање и планска хумана урбанизација на просторот кон Злокуќани и Бардовци”.
Кандидатот за градоначалник Весковски додаде дека Најдоброто за Карпош доаѓа и со спорведување на политики и проекти за специфични целни групи како меѓу кои ги наброи младите, пензионерите, бизнис секторот, просветните и културните работници, лицата со посебни потреби како и најмладите во предучилишна и училишна возраст.
На крајот од своето обраќање, Душко Весковски се заблагодари на актуелниот градоначалник, Стефан Богоев кој во исклучително тешки услови успеа Карпош да го врати на вистинската патека.
“Стефан, продолжуваме онаму каде што ти застана. Сега ни останува зеднички да ги сработиме целите кои си ги зададовме, да ги сработиме проектите кои ги нудиме, за да го направиме нашиот Карпош повеќе од се`, да го направиме најдоброто за Карпош, за нас, за нашите деца и идните генерации”, повикувајќи ги сограѓаните да гласаат масовно  на 17ти Октомври и да го заокружат редниот број 12, да го избереме Најдоброто за Капрош и Скопје.