ЛОШИ ВЕСТИ ЗА ГРУЕВСКИ И НЕГОВИТЕ ФАНОВИ: ОТКАКО ОРБАН ЈА ИЗГУБИ БУДИМПЕШТА, ОБЕДИНЕТАТА ОПОЗИЦИЈА Е ВО ВОДСТВО И ЗА ПРЕЗЕМАЊЕ НА ЦЕНТРАЛНАТА ВЛАСТ ВО УНГАРИЈА

0
1765

Обединетата опозиција во Унгарија веќе има 3% предност пред десничарската Фидес на премиерот Виктор Орбан според декемвриската анкета на тинк-тенк организацијата Републикон.

Иако Орбан е на власт од 2010-та година, сега за прв пат ќе се соочи со обединетата опозиција составена од Демократската коалиција на социјалистите, либералите, крајната десница.

Резултатите од анкетата покажуваат дека обединетата опозиција има поддршка од 36% од сите гласачи, а владејачката Фидес на Орбан има 33%.

Опозицијата е сѐ уште во благо водство по изборот на Питер Марки Зај за противник на Орбан.

Едно од главните политички ветувања на опозицискиот лидер е дека Унгарија ќе ги екстрадира сите криминални азиланти од Унгарија, вклучувајќи го и екс премиерот Груевски.