КОСТАДИНОВ : СТРУМИЦА МАКСИМАЛНО ВЛОЖУВА ЗА ЖИВОТ БЕЗ БАРИЕРИ

0
421
Струмица е општина во која максимално вложуваме за живот без бариери и еднаков за сите.

Влогот е препознат и Струмица е една од петте општини во државата во која е извршено социјално мапирање за деца и возрасни лица со попреченост.

Сите наоди презентирани денеска, ќе ги интегрираме во стратешките и акциските документи во областа на социјалната заштита и во останатите локални политики.
Со тоа ќе го зајакнеме создавањето средина еднаква за сите, еднакви можности за лицата со попреченост, како и поттикнување на развојот и искористување на нивните потенцијали, знаења, способности и вештини.
Фејсбук статус на градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов.