ДЕТАЛИ ЗА СКАНДАЛОТ ВО БРИСЕЛ : ПОТПРЕТСЕДАТЕЛКАТА НА ЕП ГО ФАЛЕЛА КАТАР И ДОБИЛА ВРЕДНИ ПОДАРОЦИ

0
490

Потпретседателката на Европскиот парламент, Ева Каили и уште четири лица се приведени вчера попладне под сомнение за корупција и перење пари, во случај што белгиските медиуми го поврзуваат со незаконското лобирање на претставници на Катар во Брисел.Грчката европратеничка од групата на социјалисти и демократи (С&Д) се најде во центарот на скандалот што го тресе единственото тело на ЕУ, чии претставници се избираат директно.

Пратениците вчера брзо објавија дека Каили е суспендирана од членството поради истрагата против неа, додека нејзината матична партија, Панхеленското социјалистичко движење на Грција (ПАСОК), веднаш ја исклучи.Вчера наутро белгиската полиција започна рации и претреси во канцелариите во Брисел, при што беа запленети дури 600.000 евра во готовина, а истражителите запленија компјутери, мобилни телефони и мемориски картички.