ПРЕДЛОГ НА КЗБ ДО ВЛАДАТА: ОД ПРВИ ЈУНИ ДА СЕ УКИНЕ НОСЕЊЕТО МАСКИ НА ОТВОРЕНО

0
705

“Комисијата за заразни болести, утрово на состанок донесе одлука да се достави предлог до Главниот координативен кризен штаб (ГККШ) за олабавување на рестриктивните мерки” – информира Министерството за здравство, посочувајќи дека таа се должи на стивнувањето на пандемијата стивнува и намалувањето на бројот на активни случаи од недела во недела.

Комисијата до Штабот ќе предложи од први јуни заштитните маски да не бидат задолжителни на отворено. Маските на сите затворени места, јавен превоз и секаде каде не може да се одржува препорачана дистанца остануваат задолжителни. Предлага и да престане да важи забраната за групирање на отворено: при групирање на повеќе лица останува препораката да се носат заштитни маски, да се дозволи организација на свадби и прослави на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости. Максимум дозволен број на гости на една маса да биде 6.

“Спортските натпревари на отворени терени да се играат со публика, но со максимална исполнетост од 30% од капацитетот на стадионот. Да им се дозволи на угостителските објекти да примаат по 6 гости на една маса, додека сите останати рестрикции за нив остануваат во сила. Полицискиот час останува во сила” – наведува МЗ.