Куновска: Иако го критикувам Заев, пописот е државен интерес и треба да се спроведе

0
1058

Поранешната пратеничка на СДСМ, Софија Куновска во емисијата “Само вистина” на Канал 5 искажа поддршка за пописот. Сепак не пропушти прилика да го критикува Заев но и неговиот тим за досегашното водење на партијата. Тврдеше дека одредени лица назначени на високи партиски и државни функции се само “печалбари” во СДСМ. Смета дека во сегашното раководство на партијата постојат само двајца кои што имаат интелектуален капацитет за да се носат со предизвиците но ја спомна само Шекеринска како една од нив. За сите останати употреби термин интелектуална бижутерија.

Очигледно некои лица не можат да преболат тоа што не се носители на јавни функции како порано. Нејасно е зошто не доставиле свои кандидатури оние кои што се незадоволни во СДСМ а притоа тврдат дека имаат огромна поддршка.