Богојески: Не можам да си дозволам да се однесувам деструктивно како полковникот Ковачки

0
1166

Предводникот на “Македонски концепт”, Петар Богојески во дебата на Канал 5 нагласи дека е потребно одговорно и државничко однесување кога се излегува со јавни изјави во врска со Министерството за одбрана и Армијата. Изнесе свое видување за конфликтот на полковникот Драган Ковачки од редовите на ДПМНЕ со министерката Шекеринска и началникот на Генералштабот на Армијата. Посочи дека не може да се оцрнува министерката на лична основа и притоа да се руши угледот на армиските сили само поради партиски интереси на ВМРО-ДПМНЕ.