ЌЕ РУШИ ЅИД СО ГЛАВА, НЕ СЕ ОТКАЖУВА ПОЛИТИЧКИОТ МАНИПУЛАНТ ТОДОР ПЕТРОВ: ЌЕ ГО ВРАТИМЕ НАШЕТО ВЕКОВНО ИМЕ И ВО ПРАВНАТА КОМУНИКАЦИЈА

0
1037

Во емисијата “Заспиј ако можеш” на тв Алфа, гостуваше политичкиот манипулант и претседател на вмровскиот Светски македонски конгрес.

Тој кажа дека со гордост ги организирал протестите во неделата со цел да се поддржат вмровците кои што се обидоа да спречат мирно примопредавање на власта на 27-ми април 2017. год. бидејќи наводно тие сакале да ја спречат противуставната промена на името Македонија. Тодор Петров и натаму кажа дека ќе се бори против Преспанскиот договор кој што е исклучиво на штета на македонските национални интереси и дека ќе ја победат марионетската Влада на Заев. Лицемерно го смета протестот за поддршка на вмровците како семакедонски насочен против штетните потези на хибридниот режим на Заев кој што само одработувал по странска нарачка а на штета на сите Македонци, дома и во дијаспората. Најави дека неговата иницијатива на крај ќе победи, ќе се врати нашето вековно име Македонија во правната комуникација и документите и сите Македонци да не ја употребуваат географската придавка. И натаму ги лаже вмровските гласачи дека е на дофат поништувањето на Преспанскиот договор.

Исто така, тој се повика и на масакрот во Вејце кога загинаа Македонци во конфликтот од 2001. год. кои што се веќе заборавени патриоти од СДСМ, а додека ДУИ донела победа за нивните кои што на секое ниво се интегрираат во општеството а на штета на Македонците. Неминовно се поставува прашањето зошто Петров и натаму игра на картата на создавање меѓуетнички тензии кога таквите груевистички ксенофобни и шовинистички политики беа многупати поразени. Бидејќи наводно е толку храбар, тој не се плаши ни од казната на СДСМ, ниту од следните чекори кои што ќе ги преземале против него поради протестите во ек на пандемија. Треба да се знае дека кога ВМРО-ДПМНЕ ги амнестираше т.н. хашки случаи, го немаше јавно никаде овој “неуморен борец” за македонизмот, Тодор Петров.