(ФОТО)Илја Димовски тотално е издишан: Неговите сограѓани веќе шести ден му порачуваат на неговиот шеф – МАФИЈА НА РОБИЈА!

0
1001

И вечерва, по шести пат, „Протестирам“ одржа протестот во Велес против одлуката за аболиција на политичари од страна на претседателот Ѓорге Иванов и против одржување на избори на 5јуни. Граѓаните поддржувачи на Протестирам се собраа кај фонтаната спроти Авона. Протестната поворка започна да се движи по главната улица „Благој Ѓорев“ кон центарот на градот, поминувајќи покрај велешката Гимназија и кафетериите, новата театарска зграда и стигна на плоштад Сармаале. Додека го вееја знамето на Македонија демонстрантите ги извикуваа паролите „Нема правда, нема мир“, „Мафија на робија“, „Апаши, вратете ги парите“ итн. На протестната поворка по пат и се приклучуваа граѓани кои знаат дека секоја вечер имаат можност да го искажат сопственото незадоволство од актуелната политичка и економска состојба во државата, пренесува „Дума“.

treta14613540831461354047_thumb_medium490_0„Би сакал во името на Протестирам да им се заблагодарам на сите храбри граѓани кои секоја вечер се со нас. Тие ни даваат поттик на истраеме во намерата. Исто така и на граѓанките кои со своите деца се дел од ова случување. Со нас чекорат и возрасни граѓани кои покрај возраста и здравствената состојба доаѓаат да не поддржат. Искрено им благодариме на се што прават за да се слушне дека во Македонија има и незадоволни граѓани,“ рече Дејан Ристов од граѓанското движење „Протестирам“.

cetvrta146135411914613540831461354047_thumb_medium490_0