НЕМА КРАЈ НА ЛУДИЛОТО НА ГРУЈО И ХОРХЕ: Двајцата го поздравија влезот на земјата во НАТО, ама они можеле подобро и полесно?!?!?!?!?!

0
1226

Експремиерот Никола Груевски, сега бегалец, на социјалната мрежа „Фејсбук“ го честиташе денешното потпишување на протоколот за НАТО. Тој смета дека Владата го нарушила концептот на правичност, фер договор и разумен компромис. Според Груевски, Грција добила речиси сè.

И Хорхе честиташе. Тој вели дека секогаш се залагал за остварување на стратешките цели на Република Македонија, соопшти денеска неговиот кабинет.

– Македонскиот претседател смета дека, за жал, останува фактот дека на денешното потпишување на Протоколот му претходеше склучување на договор за промена на уставното име на Република Македонија, што им нанесе трајна штета на македонските национални интереси, стои во соопштението.

Триесеттото место во НАТО Алијансата за Република Македонија беше заслужено, се додава, имајќи предвид дека одамна се исполнети стандардите во одбраната и воената подготвеност на Армијата на Република Македонија, како резултат во кој придонес имаат сите Влади на Република Македонија. /МИА