ВМРО-ДПМНЕ БАРА СЛОБОДА ЗА СИЛЕЏИИТЕ ОД КРВАВИОТ ЧЕТВРТОК И НЕКАЗНИВОСТА ДА ПРОДОЛЖИ, РАШЕЛА МИЗРАХИ: НЕКОИ ОД НАШИТЕ ПАТРИОТИ ИЗВРШИЈА НАСИЛСТВО ВО СОБРАНИЕ АМА НЕ СЕ ТЕРОРИСТИ

0
1211

Во дебатата на Канал 5, во емисијата “Само вистина” гостуваа пратениците Рашела Мизрахи од ВМРО-ДПМНЕ и Мартин Костовски од СДСМ.

Пратеничката Мизрахи го бранеше неодговорното однесување на ВМРО-ДПМНЕ во Собрание поради тоа што власта не сакала да бара компромиси со опозицијата за различни предлог-закони. Како аргумент наведе дека СДСМ ретко им прифаќал амандмани. Како контраст, додека ВМРО-ДПМНЕ беше власт 11 год., немаше теорија да помине ниту еден предлог-закон или амандман од СДСМ додека шверцерски штанцаа по 200-300 закони за неколку часа и тоа ноќе.

Таа неведе дека опозициските пратеници имале и подобри предлози за надминување на корона кризата во сферите на економијата, финансиите, образованието и здравството и дури и ги поддржувале владините мерки и кога не се согласувале со нив. Особено го критикуваше министерот Филипче како неспособен министер затоа што немал никаков разработен план за имунизација туку само неколку листа хартија со про форма одредби кои што не се почитувале на терен. Таа дури и го обвини СДСМ дека многумина членови, активисти и функционери за вакцинирале без почитување на фазите од првично замислениот редослед за имунизација. Поради револт од тоа како се спроведува досегашното вакцинирање, таа рече дека не сака да прима вакцина во Македонија туку ќе го искористи своето право да се вакцинира надвор од нашите граници.

За протестот за поддршка на т.н. уставобранители, таа рече дека ВМРО-ДПМНЕ се приклучила на тој протест но дека не бил организиран од партија туку од дијаспората и граѓани со патриотска свест. Таа рече дека СДСМ профитирал од крвавиот четврток за да ја преземе власта, а дека ВМРО-ДПМНЕ претрпела само штети од ескалацијата на тие тензии на 27-ми април. Затоа таа ја амнестираше ВМРО-ДПМНЕ од секаква одговорност како организатор и поттикнувач на насилството наспроти сите индиции и аудио бомби за тоа како планирале и физичка ликвидација од тогашниот пратенички состав на СДСМ и коалицијата само за да не се формира ново парламентарно мнозинство. На крај додаде дека оние што биле патриотски настроени и кои што извршиле насилство на тој ден, не се терористи и не можат да бидат осудени за таков чин, но дека можат да бидат казнети со поблаги казни само поради извршеното насилство или пак целосно да се ослободат за да се надминат рецидивите од тоа минато.