КАДЕ ШТО ИМА ПРЕКРШОЦИ ЗА УВОЗОТ НА МАЗУТ, ЌЕ ИМА И ОДГОВОРНОСТ, ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ: ВО ВТОРНИК ЌЕ БИДАТ ЗАВРШЕНИ АНАЛИЗИТЕ И ЌЕ ЈА ИНФОРМИРАМЕ ЈАВНОСТА

0
771

“Во текот на утрешниот ден ќе се анализираат сите информации во врска со истрагата за увозот на течни горива, а наредниот ден ќе излеземе со информација за јавноста” – соопшти вицепремиерот за борба против корупцијата, Љупчо Николовски.

“Се прави детална анализа за активностите за да се има целосен увид и достапни информации. На владина седница се донесоа насоки кои беа дадени на институциите, а пред некој ден имаше вонредна владина седница на која се побараа дополнителни информации. Утре ќе има координативен состанок со министерот за економија и државните институции, а во вторник ќе се излезе со повеќе информации” – истакна Николовски.

Според вицепремиерот, контроли се направени кај сите фирми кои увезуваат мазут и најави дека секаде каде што има прекршок ќе има одговорност.