СРБИЈА СО НОВ ХУМАНИТАРЕН ГЕСТ: ВИКЕНДОВ ВО ВРАЊЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ МАКЕДОНСКИ ГРАЃАНИ СО ФАЈЗЕР И СИНОФАРМ БЕЗ ЗАКАЖУВАЊЕ ТЕРМИНИ

0
924

Во Врање е можна вакцинација за граѓаните на Северна Македонија без претходно закажување. Сè што треба да сторат е да донесат важечки пасош или лична карта. На вакцинирање во Врање доаѓаат лица од сите делови на Северна Македонија, а најмногу од Скопје и Куманово, како и цели семејства. Во спортската сала во Врање од утрово вакцинирани се 353 лица, од кои 274 се државјани на Северна Македонија.

Македонските граѓани изјавија дека се дојдено фамилијарно и покрај закажаниот термин во Скопје, како и дека младите се’ уште не се повикани за вакцинирање.

“Денес имавме голема група и тие беа претежно млади луѓе, кои веројатно во својата земја вакцината би ја примиле многу подоцна. Сите се многу задоволни, среќни и благодарни” – изјави д-р Љиљана Антиќ, директорка на Здравствениот дом во Врање.

Таа додаде дека има доволно вакцини и дека ќе добијат доволен број вакцини за граѓаните од Северна Македонија на кои на располагање им се вакцините на Синофарм и Фајзер.