БОЈМАЦАЛИЕВ : ОСУМ МИЛИОНИ ДЕНАРИ ВЛОЖЕНИ ВО СТАНИЦАТА ВО КРИВОГАШТАНИ, СО ДИГИТАЛНИ РАДАРИ И ДРЕГЕРИ НАМАЛЕНИ СООБРАЌАЈНИ НЕЗГОДИ

0
159
 
Денеска (30.03.2024) дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев, оствари работна посета на Ропотово, Македонски брод и Кривогаштани каде што оствари работни средби со раководствата на тамошните организациски единици при МВР, во рамки на серијата посети на Секторите за внатрешни работи низ државата, со цел увид во резултатите од изминатиот период.

„Денеска сме на терен во Кривогаштани заедно со дополнителната министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска и министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, каде што остваривме средба со раковдството на ПО Кривогаштани, а претходно ги посетив Полициска станица Макeдонски брод и Полициско одделение Ропотово каде што бев брифиран за резултатите во првото тримесечје”, рече Бојмацалиев, споделувајќи ги резултатите од првото тримесечје од 2024 година.

„Безбедносната состојбата на подрачјето на Полициско одделение Кривогаштани, Полициска станица Макдонски брод и Полициско одделение Ропотово во текот на прво тримесечје се цени како добра и стабилна. Од страна на вработените во ПО – Кривогаштани превземани се мерки и активности согласно програмските определби, насоките давани од страна на повисоките старешини како и мерки и активности по пристигнатите телеграми. Во текот на 2024 година во Кривогаштани регистрирани се вкупно 7 кривично дела од кои 3 се реализирани, со што е постигната ефикасност од 42,86 %;    во Македонски брод регистрирани се 10 кривични дела, од кои 5 реализирани, со што постигната е ефикасност од 50%.

Со дигитализација на процесите, воведување на дигитални радари и алкомери (дрегери) во делот на безбедноста во сообраќајот оваа организациска единица бележи намалување во сообраќајните незгоди со тешки последици, а за одбележување се и резултатите во делот на намалени тешки кражби. На мое задоволство бев информиран дека во Кривогаштани нема сообраќајни незгоди со смртни последици. Исто така, посветено е внимание и на превентивните активности. За одбележување се остварените 30 превентивни активности во првото тримесечје, како и покриеноста на Кривогаштани со 571 патролни и мотопатролни служби”, рече Бојмацалиев, истакнувајќи дека подобрувањето на условите за работа придонесе кон подобри резултати.
„Во 2021 година од Буџетот на МВР вложивме 8.400.000,00 денари во реконструкцијата на објектот на ПО Кривогаштани, со што значително ги подобривме работните услови, а со тоа и резултатите во оперативното работење на полициските службеници”, рече Бојмацалиев.

На средбите меѓу другото стана збор за функционирање на локалните штабови во рамки на оперативната акција за спроведување на мирни и безбедни избори, при што Бојмацалиев констатираше дека истите ги следат насоките од Централниот штаб на МВР и МВР е подготвено за спроведување на слободни, фер и демократски избори по европски терк.

По завршувањето на работните обврски во Полициските станици во овој регион, Бојмацалиев на покана од дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Јована Тренчевска ќе присуствува на завршен настан од кампањата „Гласна и храбра2”, како и на концерт на камерен оркестар од Битола, во рамки на саемот за месецот на жената со цел промоција и славење на културата на нашата држава.