ИМА УСЛОВИ ЗА БЕЗБЕДЕН ПОПИС, Симовски: Имаме скафандери, мантили, маски, дезинфекција

0
770

Протоколите за попис се јавно објавени, има различни протоколи за различни ситуации. Имате ситуации со лица во самоизолација, имате позитивни, имате ситуација каде има и заразени и здрави лица. Затоа некаде ќе се носат и скафандери при попишувањето.“ – објасни дел од протоколите за попис, директорот на Заводот за статистика, Апостол Симовски, во „Само вистина“ на Канал 5. Според него ако некој не биде пронајден во својот дом ќе му се остави известување за следна посета.

“Ќе знаеме на кои адреси какви лица има и ќе делуваме. Имаме голема количина средства за дезинфекција, имаме маски, мантили, скафандери и сето она што е неопходно. На терен попишувачите ќе имаат средства за секаква дезинфекција, како за маските, така за компјутерот и за сето останато. Попишувачот мора да носи маска, да дезинфицира рацете пред да влезе, да ги замоли домаќините да стават меска” – рече Симовски.