БИТКА ЗА ПРАВНАТА ДРЖАВА, ЉУПЧО НИКОЛОВСКИ: Заврши времето на ВМРО-ДПМНЕ кога имаше еден обвинител и еден судија

0
1270

“Заврши времето кога во државата имаше еден судија, еден обвинител, еден адвокат, еден извршител, кога целата моќ беше на едно место, сега секоја институција постапува во согласност со своите надлежности и овластувања” – порача вицепремиерот задолжен за борба против корупцијата и криминалот, Љупчо Николовски, одговарајќи на пратеничко прашање од пратеникот Велјановски од ВМРО-ДПМНЕ.

Вицепремиерот исто така обвини дека ВМРО-ДПМНЕ во отсуство на идеи секојдневно лиферува лаги, невистини и конструкции.

“Помина и времето кога институциите не смееја да помислат да им ги споменат имињата на некои функционери, министри или блиски на власта, а не да влегуваат и да бараат документи како што тоа денес се случува во рамките на сите институции”, посочи Николовски.