Маричиќ: Има надеж годинава да ги започнеме преговорите за членство во ЕУ

0
1166

Во рамки на посетата на Брисел, министерот за правда Бојан Маричиќ оствари средба и со еврокомесарот за финансии, Јоханес Хан, на која разговарале за реформите во правосудството и процесот на дигитализација на судовите.

Во Европската Унија има подготвеност за да го помогнат овој процес кој ќе претставува зголемување на ефикасноста на судовите и своевиден технолошки скок. Како што е предвидено, треба да се дигитализираат над 100 судови во земјата.

Министерот за правда посочи и дека има силна поддршка и надеж, оваа година да се отворат и почнат преговорите за членство на Северна Македонија во Европската Унија.