И канцеларката Меркел ќе се вакцинира утре со Астра Зенека

0
873

Според информациите на германскиот дневен весник Ди Велт, политичарката на Христијанско-демократската унија (ЦДУ) ќе биде имунизирана со вакцината на Астра зенека со цел да се зголеми довербата во оксфордската вакцина во целата Европска Унија.

Канцеларката Меркел има повеќе од 60 години и со тоа спаѓа во групата на оние што ги исполнуваат условите за вакцинација со вакцината на Астра зенека во Германија.