УШТЕ ЕДНА НОВИНАРКА ЕКСПЕРТ ЗА ЗАРАЗНИ БОЛЕСТИ – СПОРЕД ДУШИЦА МРЃА, ТЕСТОВИТЕ ОД СКРИНИНЗИТЕ НЕ ТРЕБАЛО ДА СЕ БРОЈАТ ВО ВКУПНИОТ БРОЈ НА ТЕСТОВИ ЗА КОРОНА?!?!

0
1894

Политиканство е кога се кокетира и пазари со верски заедници и замижува пред црквени прослави,литии по улици,молитви по џамии,ифтари…и нормално никој да не одговара….
Политиканство е кога се пазарите за 1,2,3..часа минус од препораката на лекарите за карантин затоа што ви се заканиле со гласовите на верниците…
Политиканство е кога и едни и други и трети и четврти се колнете во здравјето на граѓаните,ама немате проблем со митинзи,собири,”вратари”…
Уште поголемо политиканство е дозволата за вакви активности да доаѓа од комисија од лекари…
Политиканство е никој за ниедно прекршување да не одговара (освен дечкото со кучето)…
Политиканство е да кажувате дека
“некои надредени во институциите потфрлиле”,а да нема ниедна иницијатива за нивна одговорност,разрешување,пријава…
Дополнително ниеден потез да се санира “потфрлувањето”,побогу не се работи за Супермен,па цела држава да ја држи под контрола…
Политиканство е кога тестовите од скринингот се бројат во вкупниот број тестирања да се зголеми бројот на тестови…
Политиканство е да викаш “епидемијата е под контрола”,а за 10 дена да имаш од 16 до 40 заразени…
Е,сега околу “медицината базирана на докази”….
Доказ: од 19-24 мај во Македонија има 161 новозаразен…
Доказ: На милион жители 80 заболени за тој период,наспроти 53 во Србија,18 Албанија,4 Грција..
На врвот во регионот на милион жители сме и во активни случаи и во смртни….
Ова,само нешто околу политиканството и фактите…
Е,сега околу неодговорноста на голем дел од луѓето,која се граничи според мене, со лудило…
Оние кои нит почитуваат мерки,нит носат маски,нит држат дистанца,не сум сигурна и колку мијат раце,ама знаат дека “корона не постои”,е тие допрва,за жал ќе плачат по болниците,а богами со нив и сите ние…
#Ријалити
#КојОвдеНеПолудиНеЕНормален

Goran Mihajlovskisakamdakazam Немој да шириш фејкњуз. Само „медицина базирана на докази“, те молам. Караџовски ќе те даде на Совет за етика.

Dusica Mrgja Goran Mihajlovskisakamdakazam еве он мене нека ме “научи” што е “фејкњуз”,а ја ќе му одржам некој час по “медицина базирана на докази”
И квит.

Pero Arsovski Dusica Mrgja Еве уште еден “експерт” што знае повеќе од тие таканаречени Комисии, епидемиолози, лекари. Баш би сакал да ве видам во судир со некој од нив, ама јавно во една од вашите дебатни емисии. Го шекнавте народов со вашите теории.