ЈКП „„Водовод и канализација“ интензивно работи на поставување нова секундарна водоводна линија на улица „Октомвриска“. На оваа улица се поставува нова полиетиленска водоводна линија Ф63, во должина од 45 метри, со 5 куќни приклучоци.
Во исто време, ЈКП „Водовод и канализација“ ги привршува инфраструктурните зафати и интервенции на водоводната и канализациона мрежа, на повеќе улици во градот.