ХОХШТАПЛЕРСКАТА ШТИПСКА ФИРМА БАРГАЛА ГИ ИЗБРКА ВРАБОТЕНИТЕ КАКО КУЧИЊА НА УЛИЦА: ОНЕПРАВДАНИТЕ РАБОТНИЦИ ПОДНЕСУВААТ ПРИГОВОРИ ДО ССМ

0
945

Сто работници од штипската фабрика за производство на обувки Баргала пред 4 дена добија отказни решенија поради наводно кршење на работниот ред и дисциплина а денес во канцеларијата на Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) поднесуваа приговори. Работниците неосновано се избркани од работа.

На 11-ти сум била на работа, ме пуштија и ми рекоа да бидам на повик и вчера ми стигна отказ бидејќи на 16-ти не сум се јавила, а јас чекам повик. Секогаш било така, не само сега” – изјави Македонка Данева, досегашна вработена во Баргала, на само 4 месеци пред пензија.

Не’ избркаа како кучиња! Не сме биле 3 дена на работа. А ние не 3 дена, 3 месеци не сме на работа” – вели работничката Борка Стоиловска.

Сојузот на синдикати излезе со став дека отказите на овие сто работници ќе се најдат и пред Јавното обвинителство. Весна Кузманова-Тодоровска, претставничка на ССМ, рече дека отказите на работниците им се дадени на незаконски начин.

“Од страна на претпоставените им било кажано да не доаѓаат на работа се’ додека не бидат повикани. Во конкретниот случај се работи за класична измама. Вчера поднесовме пријава до Државниот трудов инспекторат, а сега подготвуваме материјали за да поднесеме пријава до Јавното обвинителство” – рече  Кузманова-Тодоровска.