КАКОВ ФИЛМСКИ ПРЕСВРТ – Заев се пофали на Фејсбук: По преземената акција, Мијалков се пријави во Обвинителството

0
1045

После преземената акција објавувам конкретен резултат од кој имаме значаен успех: Се пријави Сашо Мијалков во Обвинителството за организиран криминал и обезбеден е неговиот домашен притвор!, објави на Фејсбук премиерот Зоран Заев.

„Институциите ги презедоа сите редовни и вонредни мерки во врска со бегството на Сашо Мијалков. Координацијата помеѓу сите институции со сите активности што се презедоа во последниве 40 часа дадоа резултат. Правдата е обезбедена, ќе ја има и повеќе и почесто!“, вели Заев.