ВЛАДАТА ПРЕЗЕМА НОВИ СОЦИЈАЛНИ МЕРКИ, ЗАЕВ: ЌЕ ИМ ПОМОГНЕМЕ НА 150 ИЛЈАДИ ГРАЃАНИ ЗА ОТПИС НА КАМАТИ И РЕПРОГРАМИРАЊЕ НА ДОЛГОВИ ПОРАДИ КОВИД-19

0
1165

Преку 150 000 граѓани ќе бидат опфатени со законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на граѓаните во услови на КОВИД-19 чиј предлог-текст е усвоен на денешната владина седница. Ќе треба да се исплати само главницата на долгот и тоа на повеќе рати.

Премиерот Зоран Заев изјави дека државните органи и јавните институции опфатени со законот како и УЈП, се должни да го утврдат износот на главниот долг, трошоците и каматата за секој граѓанин во рок од 90 дена од влегување во сила на законот. Потоа најдоцна за 15 дена ќе треба да ги известат физичките лица, нивни должници со јавна објава на официјалните веб страници, преку медиуми или на друг начин.

“Со законот се уредуваат условите, начинот и постапката за отпишување на пресметани камати по основ на долгови на физички лица кон државните органи и јавните институции и даночни долгови, како и репорограмирање на главниот долг и трошоци на физичките лица кои доспеале за плаќање заклучно со денот на влегување во сила на овој закон” – истакна Заев.