БЕКТЕШИ: ОД ПРВИ ЈУЛИ ЌЕ СЕ ДОЗВОЛАТ СВАДБИ И ВО ЗАТВОРЕН ПРОСТОР СО 40% КАПАЦИТЕТ И ДО 250 ГОСТИ

0
685

Владата на денешната седница донесе одлука, свадбите и другите прослави да смеат да се одржуваат и во затворени простории.

“На предлог на Министерството за економија, Владата денес донесе одлука од 1-ви јули 2021 год., свадби да се организираат и во затворен простор со максимум 250 лица но не повеќе од 40% од капацитетот на просторот” – напиша министерот за економија Крешник Бектеши.