ФИЛИПЧЕ: ВТОРА ДОЗА ВО МАКЕДОНИЈА ЗА ВЕЌЕ ВАКЦИНИРАНИТЕ ВО СРБИЈА

0
839

“Утрово разговарав со српскиот колега Лончар и побарав од него да ми даде список од наши граѓани кои се вакцинирале во Србија. Тие што се вакцинирале таму, планирано е да се ревакцинираат дома. Апсолутно ќе имаме доволно дози за ревакцинација. Денеска завршуваат сите административни работи во Агенцијата за лекови во однос на дозволата за вакцините на „АстраЗенека“ и веќе од среда ќе започне процесот на имунизација. Вкупно 20.000 граѓани ќе добијат термини за вакцинација. Јас нема сега да се вакцинирам, ќе почекам да стигне уште поголема пратка на вакцини. А кога ќе ја имаме, ќе се вакцинирам со АстраЗенека со цел да докажам дека е безбедна вакцината. Ги уверувам граѓаните дека сите вакцини се проверени и безбедни” – рече Филипче.