ПЛАНОТ НА ФИЛИПЧЕ ЗА АСТРА ЗЕНЕКА: ЌЕ СЕ ВАКЦИНИРААТ СО НЕА САМО ЛИЦА НАД 60 ГОДИНИ

0
182

Министерот за здравство Венко Филипче во вечерашното гостување на ТВ 21 најави дека по информациите дека Германија одлучи попладнево да не ја дава вакцината на Астра Зенека на граѓаните под 60 годишна возраст, и нашите здравствени власти ќе го направат истото.
Тоа значи дека вакцината на Астра Зенека, со која утре ќе започне имунизацијата на македонските граѓани ќе може да им се дава само на заинтересираните граѓани над 60 години.