СДСМ : ВМРО-ДПМНЕ ја лаже јавноста за наводни ценовни шокови поради акцизата, исто како што лажеше дека 140.000 граѓани останале без работа

0
879

Во време на најголемата светска здравствена криза, кога владата предводена од СДСМ со сите сили настојува да го зачува јавното здравје, но и да им помогне на компаниите и да ги зачува работните места, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски од Белиот дворец продолжуваат со продукција на лажни вести, со кои создаваат паника и страв кај граѓаните.

Во услови кога граѓаните се соочени со неизвесноста која ја носи заканата од коронавирусот, ВМРО – ДПМНЕ не нуди ниту едно решение за полесно надминување на предизвиците, туку доследно шири серија лажни вести, со кои го поткопува здравствениот систем.

За полесно справување со економските последици од коронакризата, донесена е мерка за времено зголемување на акцизата на горивата од 3 денари, а парите од оваа мерка ќе се искористат за директна помош кон стопанството, за зачувување на секое работно место.

ВМРО-ДПМНЕ во очајни обиди за популизам, почна да ја плаши јавноста за наводни ценовни шокови и инфалторни движења иако скеому му е јасно дека малопродажната цена на горивата од почетоткот на годинава па досега е намалаена за околу 20 денари по литар.

Претходно од белиот дворец лажеа дека имало само 100 тестови за коронавирус, а од тогаш се направени над 5.000 тестирања.

Лажеа дека 140.000 граѓани во периодов останале без работа, сега лажат за наводни ценовни шокови и инфлација и очајно се обидуваат да внесат вознемиреност во јавноста.

Јавноста во време на пандемија очекува одговорност и совесност од сите политички фактори, а  ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски со своето несериозно и деструктивно однесување, очајно со лаги се обидуваат да соберат некој политички поен.

Сепак, граѓаните се тие кои ќе го оценуваат нивното поведение.

Владата и институциите остануваат посветени во борбата против коронавирусот и надминувањето на здравствените и на економските последици.