НАЈАВА ОД МИНИСТЕРОТ ФИЛИПЧЕ: ПОЧНУВА МАСОВНАТА ИМУНИЗАЦИЈА ВО СРЕДА

0
1084

“Денеска се завршуваат сите административни работи во Агенцијата за лекови во однос на дозволата за вакцините кои стигнаа во нашата држава на Астра Зенека да бидат пуштени во употреба, денеска и утре тие ќе се дистрибуираат во сите градови во земјата и во среда ќе започне процесот на имунизација онака како што најавивме, информира на денешната прес-конференција министерот за здравство Венко Филипче.

Тој рече дека 20 000 граѓани кои се веќе пријавени се на возраст над 75 години, во текот на денешниот и утрешниот ден преку матичните лекари ќе добијат термини согласно местото на живеење во кој пункт и во кое точно време од среда натаму да се јават на вакцинација.

Во делот на масовна имунизација од утре почнуваат подготовки и во текот на следната недела ќе биде целосно подготвен големиот пункт во спортската сала Борис Трајковски. Според најавите од кинеската амбасада, тие интензивно работат во делот на обезбедување на точниот датум на транспорт.

Компанијата Фајзер го потврдила одговорот и во петокот стигнала потврда дека оваа недела треба да се потпишат договорите со земја членка на ЕУ во врска со компанијата Фајзер.

“Април ќе биде месец кога очекуваме вакцините да стигнат од повеќе места и после оваа приоритетна група граѓани над 65 години и други граѓани да се повикаат и да бидат вакцинирани” – рече Филипче.