НОВА ДРАМА НА СЕВЕРОТ НА КОСОВО – СПЕЦИЈАЛЦИ ВЛЕГЛЕ ВО СЕВЕРНИОТ ДЕЛ НА МИТРОВИЦА, ВОНРЕДНО ОБРАЌАЊЕ НА ПЕТКОВИЌ

0
627

Нова драма се одвива на северот на Косово, јавува српскиот медиум Курир.рс.
Неколку стотици специјалци, кко што пишува тој медиум, вооружени до заби, придружувани од оклопни возила, влегле во северниот дел на Митровица и го блокирале целиот град.

Полицијата на Косово вечерва соопшти дека во наредните денови ќе го засили присуството на северот на Косово и додаде дека одржувањето на јавниот ред е една од нивните главни цели.

Директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, д-р Петар Петковиќ, вечерва во 23 часот во прес-салата на Владата на Република Србија ќе одржи вонредна медиумска конференција.