Димитров: Итно донесување на закон кој ќе ги штити угледот, честа и животот на лекарите

0
1080

Претседателот на Мaкедонското лекарско друштво (МЛД), Горан Димитров предложи итно донесување закон во Собранието кој ќе ги штити угледот, честа и животот на лекарите при извршување на нивната професија, јави А1он.

Според него, овој закон треба да има двојно поголеми казни за извршените деликти спрема лекарите и целиот медицинскиот персонал и истиот да биде спроведуван и истакнат во секоја медицинска ординација, амбуланта, болница.