ФИЛИПЧЕ: БРИТАНСКАТА МУТАЦИЈА Е ОПАСНА И ЗА ПОМЛАДИ ЛИЦА БЕЗ ХРОНИЧНИ БОЛЕСТИ

0
1001

Министерот за здравство, Венко Филипче, во однос на зголемениот број на млади лица кои умираат иако немаат никакви хронични болести вели дека вакви случаи има и во Европа и дека кај дел од младите состојбата се влошува за неколку часа.

“За сите пациенти колегите прават сѐ, но има многу пациенти со тешка форма, со манифестација на белите дробови и крвта, каква колегите од пулмологија и инфективна медицина досега не виделе и кај нив нема одговор на терапијата” – изјави Филипче во врска со вчерашниот рекорден број од 50 починати во еден ден од Ковид-19.