“Изминатите три недели бележиме најголем просечен раст на вакцинирани граѓани во регионот. Се надевам дека ќе продолжиме со истиот капацитет и дека со зголемување на возрасните категории ќе расте и опфатот со вакцинација.
Во Тетово е значително пораснат опфатот со вакцинација, дури 15% во изминатите две недели. Бројките потврдуваат дека ефикасноста на вакцините е голема. Нема унифициран пристап за лекување, туку препораки во зависност од тежината на клиничката слика. Клучен фактор и во процесот на лекување сепак е вакцинацијата.”
-ФБ СТАТУС НА МИНИСТЕРОТ ЗА ЗДРАВСТВО ВЕНКО ФИЛИПЧЕ