ПОРАДИ НЕПОЧИТУВАЊЕ НА МЕРКИТЕ, ПОЛИЦИЈАТА РАСТУРИ ЖУРКА ВО 4Ч. ПО ПОЛНОЌ

0
836

Рано утрово околу 03.40 часот по полноќ, по претходна пријава, полициски службеници со овластување од јавен обвинител, извршиле контрола во стан на струмичкиот булевар “Ленинова”, при што утврдиле недозволено групирање.

Како што информираат од МВР, 22 годишниот струмичанец Д.А. во својот стан организирал забава со уште седум лица, со што сториле кривично дело непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.