ФФМ НЕ ПОДЛЕЖИ НА ОБВРСКИ ОД ПРЕСПАНСКИОТ ДОГОВОР, ЗАЕВ: РЕПРЕЗЕНТАТИВЦИТЕ ЌЕ МОРААТ ДА НОСАТ ОЗНАКИ И СИМБОЛИ НА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

0
1178

“Веќе го покренавме конкретниот аспект со Федерацијата и во наредниот период ќе го решиме прашањето врз основа на Договорот од Преспа, правилата и традицијата на УЕФА” – рече премиерот на Република Северна Македонија, Зоран Заев во писмената изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА и грчката државна телевизија ЕРТ.

Изјавата на премиерот Заев е по реакциите во Грција за амблемот на ФФМ на дресовите на нашите репрезентативци.

“Цела Европа знае дека нашата фудбалска репрезентација на првенството ја претставува Северна Македонија. Иако ФФМ не е државен ентитет, националниот тим е како што е во сите земји во светот. Па така јасно е и треба да биде јасно на сите нивоа дека е репрезентација на Северна Македонија, независно од иницијалите на ФФМ на дресовите. Веќе го покренавме конкретниот аспект со Федерацијата и во наредниот период ќе го решиме прашањето врз основа на Договорот од Преспа, правилата и традицијата на УЕФА” – појасни премиерот Заев.